Меди Дардент-Холемби (22) била пронајдена мртва во куќа во Нортемптоншир, а со оглед на сомнителната и невообичаена смрт, полицијата спровела специјална истрага за случајот во кој сите сомневања упатуваат на убиство.
Работата е уште потаинствена, покрај неа е пронајдено тело на маж, кое се уште не е официјално идентификувано, а полицијата ќе го соопшти идентитетот на жртвата дури откако ќе бидат извршени сите постапки во идентификацијата.
Според полицискиот извештај, органите на прогонот биле повикани по пријава за загриженост за благосостојбата на Меди.
Висок истражен офицер, детективска инспекторка Никол Мејн, изрази сочувство до семејството и пријателите на починатата девојка, велејќи дека полицијата ќе се потруди да ја открие точната причина за смртта на младите.
– Овој случај е крајно трагичен и нашиот тим работи во последните 48 часа за да ги утврди околностите што доведоа до смрт на овие две лица. Меди беше млада жена со светла иднина – изјави Мејн, пренесува Дејли Стар.
Семејството на младата девојка беше скршено откако дозна за нејзината смрт.
– Шокот и болката што ги чувствуваме се неописливи. Беше прекрасна и однадвор и одвнатре, сакаше да се дружи со пријателите и семејството. Меди беше љубезна, грижлива, внимателна. Таа беше талентирана за танцување, а нејзината креативност дојде до израз во училиште и во нејзината маркетинг кариера. Нашите мисли се со сите што ја сакаа исто како и ние – се наведува во соопштението издадено од нејзиното семејство.
Истрагата за смртта на двајца млади луѓе продолжува, а полицијата апелира до секој што има релевантни информации за овој случај да се пријави во најблиската полициска станица.