Уапсени поради правење метамфетамини: Професори готвеле мет на факултетот

Сподели со своите пријатели

Тери Дејвид Бејтмен (45) и Бредли Ален Роуленд (40), вонредни професори по хемија на државниот универзитет Хендерсон во Аркаделфија (Арканзас), се уапсени во петокот попладне, потврди канцеларијата на шерифот.

Loading...

Против нив се покренати обвиненија за производство на метамфетамини и користење на дрога.

– Кабинетот за наука на универзитетот е затворен на 8 октомври откако е пријавено истекување на хемикалии. Зградата повторно е отворена на 29 октомври, кога агенцијата за заштита на животната средина ја заврши деталната контрола и замена на системот за филтрирање на воздухот – рече Тина Хол, потпретседател на универзитетот за комуникации.

Таа не сакаше да го коментира инцидентот со истекување на хемикалии, како ни наводите на локалните медиуми дека уапсените професори готвеле метамфетамин во просториите на универзитетот.

-Уапсените професори се водат на привремено отсуство уште од 11 октомври, додаде таа.

Полицијата наведе дека истрагата е во тек и дека судија ќе одлучи дали уапсените професори ќе бидат пуштени со кауција за да се бранат од слобода.

Leave a Reply