Уапсени кумановци кои краделе од трговски објект

Сподели со своите пријатели

Двајца кумановци биле приведени во текот на вчерашниот ден под сомнение дека извршиле кражба од трговски објект.

Loading...

– На 26.06.2024 во 13.20 часот, полициски службеници од СВР Куманово ги лишиле од слобода В.М.(40) и М.Д.(43), двајцата од Куманово поради тоа што на 23.06.2024 извршиле кражба од трговски објект на улицата „Октомвриска револуција“ во Куманово, при што одзеле повеќе предмети, информираат од Секторот за внатрешни работи.

Одземените предмети, како што додаваат од кумановската полиција, биле пронајдени и вратени на сопственикот.

– Лицата биле приведени во полициска станица и по целосно документирање на случајот против нив ќе следува соодветна пријава, стои во соопштението.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Претрес во Куманово, пронајдена дрога

Никола Ивановски