Уапсени двајца шверцери на мигранти во Куманово, едниот бегалец од затвор

Сподели со своите пријатели

Две лица биле приведени вчеравечер при обид да шверцаат мигранти низ кумановско, а подоцна било утврдено дека едното е бегалец од затвор.

Loading...

– На 06.11.2024 во 21.10 и 21.30 часот во близина на селото Костурник, кумановско, полициски службеници од Полициската станица за граничен надзор Сопот при Регионалниот центар за гранични работи Север ги лишиле од слобода И.Н.(32) од с.Крушопек, скопско и Г.П.(50)  од Велес поради сомнение за сторено кривично дело „криумчарење мигранти“, информираат од Министерството за внатрешни работи.

Претходно, околу 19.15 часот во близина на село Табановце, кумановско, на автопатот „Пријателство“, полициски службеници ги забележале лицата како во патничко возило „фолксваген голф“ со скопски регистарски ознаки, кое го управувал И.Н., а Г.П. бил сопатник, сместуваат три женски лица мигранти од Непал.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Коледарите ги набраа бадниковите гранчиња (ВИДЕО)

– Притоа, тие не застанале на знак за запирање даден од полициските службеници, а откако биле употребени средства за присилно запирање на возилото го напуштиле возилото, додаваат од МВР.

Веднаш потоа мигрантите биле пронајдени и биле сместени во Транзитниот центар Табановце, а по преземени мерки биле пронајдени и лишени од слобода и ИН. и Г.П..

Лицата биле задржани во полициска станица и за настанот бил известен надлежен јавен обвинител.

– По извршени проверки било утврдено дека И.Н. бил баран по потерница врз основа на наредба од Казнено – поправната установа Затвор Идризово поради бегство од затворот каде што издржувал шестгодишна затворска казна за сторено кривично дело „криумчарење мигранти“ по член 418 Б од Кривичниот законик, велат од МВР.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Во среда по 17. пат „Дедо мраз на мотор“ во Куманово

По целосно документирање на случајот, како што стои во соопштението, против лицата ќе биде поднесена соодветна пријава.

Loading...

Никола Ивановски