Две лица од Куманово биле приведени вчеравечер откако кај нив полицијата пронашла марихуана.
Loading...
– На 02.03.2022 во 19.40 часот, полициски службеници од СВР Куманово ги лишиле од слобода Н.С.(22) и М.Г.(32) од Куманово затоа што кај нив била пронајдена марихуана, информираат од Секторот за внатрешни работи Куманово.
По целосно документирање на случајот против нив ќе биде поднесена соодветна пријава.
Никола Ивановски