Алондра Меркадо Кампос (22), поранешна мис на Боливија, е уапсена во полициска рација под обвинение за трговија со оружје, откако полицајците пронашле складиште со муниција за калашников АК-47, пишува The Sun.
Таа беше крунисана за Мис шарм на Боливија во 2023 година, а на Инстаграм редовно позира во бикини или во вечерни тоалети кои ги истакнуваат сите нејзини атрибути.
View this post on Instagram
По нејзиното апсење, објавите на нејзиниот профил замолкнаа, а според медиумите таа моментално се наоѓа во женскиот затвор Тринидад во Бени бидејќи е обвинета за трговија со оружје.
Имено, во нејзиниот дом полицијата пронашла арсенал од повеќе од 100 парчиња оружје, меѓу кои и АК-47.
View this post on Instagram
Нејзиниот партнер Андрес Васкез (22) моментално е во бегство, а полицијата трага по него под обвинение за меѓународна трговија со дрога.
Боливиската инфлуенсерка ќе биде задржана во истражен затвор во следните 30 дена, по што ќе започне судската постапка.
Специјалните сили за борба против шверцот со дрога започнаа операција со цел да го фатат Васкез, но наместо тоа, Кампос била уапсена.
View this post on Instagram
Инспекторите велат дека ги чекаат резултатите од форензичките тестови извршени на автомобилот на парот, а исто така се надеваат дека нејзиниот запленет мобилен телефон ќе послужи како доказ.
Имено, има видео снимки на кои девојката и нејзиниот партнер се гледаат на разни забави, а притоа со себе имаат и нелегално оружје кое полицијата им го одзема.