Уапсена Германка поради собирање пари за Исламската држава

Сподели со своите пријатели

Германка е уапсена денеска под сомнение дека и помагала на групата Исламска држава, бидејќи наводно учествувала во трансферот на пари на милитантите, соопштија германските обвинители.

Осомничената, идентификувана како Дениз С., е уапсена во Геретсрид, во близина на Минхен, и се соочува со можни обвинувања за давање помош на странска терористичка организација, пренесува агенцијата АП.

Таа е обвинета за поддршка на Ајмен А.Ј., Ирачанка, која беше уапсена во Германија претходно оваа година, бидејќи таа префрлила најмалку 12.000 долари во Сирија и Либан во периодот од јуни до септември минатата година за да им помогне на борците на Исламската држава, потсетува агенцијата АП.

Сојузните обвинители изјавија дека главната работа на Дениз С. била да воспостави контакт со членовите на Исламската држава (ИД) и да ги информира за претстојните трансфери на пари.

Таа е обвинета за собирање донации за член на Исламската држава, кој требач да биде ослободен од курдскиот бегалски камп, со цел да и овозможи да се врати во екстремистичката група.