Досега, 39 тела се пронајдени на земјиште во сопственост на свештеник во крајбрежната Кенија, кој бил уапсен бидејќи им рекол на своите следбеници да постат до смрт.
Шефот на полицијата во подокругот Малинди, Џон Кембои, рече дека сè уште треба да се ископаат плитки гробници на земјиштето што му припаѓа на пасторот Пол Мекензи, кој беше уапсен на 14 април поради наводни врски со култот.
Вкупниот број на загинати е 43, бидејќи уште четири лица починаа откако тие и други беа откриени како гладуваат во меѓународната црква „Добри вести“ минатата недела.
Полицијата побара од судот да им дозволи подолго да го задржуваат Мекензи додека трае истрагата за смртта на неговите следбеници.
Дојавата од граѓаните ја поттикнала полицијата да изврши рација во комплексот на свештеникот во Малинди, каде што пронашле 15 изнемоштени лица, меѓу кои и четворица кои подоцна починале.
Следбениците рекоа дека гладувале по упатствата на свештеникот за да се сретнат со Исус.
На полицијата ѝ било кажано дека има десетици плитки гробници низ фармата на Мекензи и копањето започнало во петокот.
Мекензи штрајкуваше со глад во последните четири дена додека беше во полициски притвор.
Свештеникот претходно беше уапсен двапати, во 2019 година и во март годинава, во врска со смртта на деца.
Секој пат тој беше пуштен со кауција, а двата случаи се уште сѐ во постапка на суд.
47 dead bodies have been discovered in shallow graves by the Police in Malindi, Kenya, after Pastor Paul Mackenzie Nthenge told his members to starve themselves to death to see Jesus.”
15 other members were rescued by Police officers in the forest last week. pic.twitter.com/K2q9jJlzIY
— Africa Facts Zone (@AfricaFactsZone) April 23, 2023