Уапсен принцот Ендру поради скандалите со Епстин

Сподели со своите пријатели

Полицијата утринава го уапси Ендру Маунтбатен-Виндзор во неговата привремена резиденција на имотот Сандрингем поради сомневање за злоупотреба на службената положба, соопшти полицијата на долината Темза.

Најмалку шест неозначени возила со осум полицајци во цивилна облека, со службени лаптопи, беа видени како влегуваат во имотот на Вуд Фарм околу 8 часот наутро на 66-тиот роденден на Ендру.

На терен биле и форензички екипи, пишува Мирор.

Апсењето доаѓа додека Националната агенција за криминал (NCA) ги поддржува полициските сили на Велика Британија во проценката на информациите објавени во документите поврзани со Џефри Епестин.

Неодамна во САД беа објавени милиони страници со досега невидени мејлови, документи и фотографии од таканаречените „датотеки на Епстин“, што дополнително го зголеми притисокот врз поранешниот принц.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Кралот Чарлс III се огласи по апсењето на неговиот брат Ендру

Меѓу објавените материјали се наводни мејлови меѓу Ендру и Епстин, како и вознемирувачка фотографија на Ендру покрај млада жена.

Полицијата во Сари ги повика сите што имаат информации за наводите за трговија со луѓе и сексуална злоупотреба кои датираат од 1994 година да контактираат со властите.

Документите, исто така, сугерираат дека Ендру, кога беше трговски пратеник на Велика Британија од 2001 до 2011 година, му предавал на Епстин извештаи за официјални посети на Хонг Конг, Виетнам и Сингапур.

Полицијата во долината Темза претходно соопшти дека разговарала за наводите со експерти од Кралското обвинителство.

Ендру, братот на кралот Чарлс, претходно категорично негираше дека сторил нешто лошо.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Гејтс откажа говор за да не го прашуваат за Епстин

Минатата година му беа одземени кралските титули по објавувањето на книгата на Вирџинија Џуфре, која тврдеше дека била тргувана како малолетна од Епстин и Гислајн Максвел.

Во 2022 година, Ендру и плати на Џуфре милионска спогодба во тужба за граѓански сексуален напад, иако тој тврдеше дека никогаш не ја запознал.