Уапсен наставник оти одбил на трансродов ученик да му се обраќа со „тие“

Сподели со своите пријатели

Ирскиот наставник Енох Бурк беше суспендиран во август 2022 година затоа што одбил да му се обраќа на трансродовиот ученик како „тие“.

Loading...

Бурк не ја почитувал забраната и продолжил да доаѓа на училиште, поради што бил уапсен, пишува Дејли Мејл.

Тој беше ослободен од притвор неколку месеци подоцна, но Бурк продолжил да се појавува на училиште и повторно бил уапсен.

Тој го обвини судот за кршење на неговите верски права, кои вклучуваат верување само во два пола, машки и женски.

Судот соопшти дека ќе биде ослободен од затвор доколку вети дека нема да оди во близина на училиштето, што Бурк го одби.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Најмалку 44 лица загинаа во две сообраќајки во југоисточниот дел на Авганистан

Сега во затворот ќе му се придружи неговиот татко Шон, кој нападна и сериозно повреди полицајка во судницата за време на изрекувањето на пресудата.

Судот потоа му понудил условна казна со добро однесување, што Шон го одбил, па бил приведен.

Целиот случај ги подели луѓето во Ирска.

Loading...

Некои се согласуваат со пресудата на Бурк, додека други сметаат дека таа ја нарушува верската слобода бидејќи христијанството не ги признава трансродовите луѓе.

Бурк рече дека негова должност е да ги подучува учениците, поради што и покрај забраните продолжува да се враќа на училиште.

– Ги учам сите пред мене, го учам секој ученик. Но, кога ќе ми наредат дека повеќе не можам да се придржувам до моите религиозни убедувања, кога ќе ми кажат дека морам да прифатам трансродовост, тоа е кршење на моите права – изјави Бурк.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Двајца пилоти загинаа во авионската несреќа на Хаваи (ВИДЕО)