Уапсен кумановец кој возел 92 километри на час во населено место

Сподели со своите пријатели

Триесет и едногодишен кумановец бил приведен вчера откако полицијата констатирала дека возел над 90 километри на час во населено место.

Loading...

– На 22.07.2025 во 04.30 часот, полициски службеници од Полициската станица за безбедност на патниот сообраќај при СВР Куманово го лишиле од слобода А.С.(31) од Куманово, информираат од Секторот за внатрешни рабоит.

Како што додаваат од полицијата, при контрола на патниот сообраќај било констатирано дека А.С. управувал патничко возило „мазда“ со брзина од 92 километри на час во населено место каде што дозволената брзина е 40 километри на час.

– По целосно документирање на случајот, против него ќе биде поднесена кривична пријава по член 297-а од Кривичниот законик – „безобѕирно управување со моторно возило“, стои во соопштението на кумановската полиција.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Македонија денеска игра против Германија и Латвија на Младинската Олимпијада

Никола Ивановски