Уапсен кумановец кој шверцувал мигранти од Турција

Сподели со своите пријатели

Четириесет и петгодишен кумановец бил приведен вчера откако во возилото му биле пронајдени мигранти од Турција.

Loading...

– На 16.06.2024 полициски службеници од Полициската станица за граничен надзор Сопот при Регионалниот центар за гранични работи Север го лишиле од слобода М.Ј.(45) од Куманово, информираат од Министерството за внатрешни работи.

Како што додаваат оттаму, околу 10.30 часот на локален пат од село Сопот кон село Сушево бил извршен преглед на возилото „шевролет авео“ со кумановски регистарски ознаки, кое го управувал М.Ј., при што биле пронајдени две лица мигранти од Република Турција.

– Лицето било задржано во полициска станица и по целосно документирање на случајот, во координација со јавен обвинител, против него ќе биде поднесена соодветна пријава, велат од МВР.

Никола Ивановски