Уапсен Косовец кој шверцал мигранти низ кумановско

Сподели со своите пријатели

Дваесет и шестгодишник од Косово бил приведен на магистралата Куманово – Крива Паланка при обид да шверцува мигранти.

Loading...

– На 22.11.2024 околу 20 часот на магистралниот пат Куманово-Крива Паланка, полициски службеници од Одделението за прекуграничен криминал, миграции, странци и реадмисија- Куманово и Мобилната единица за компензаторни мерки го лишиле од слобода Ф.Ш.(26) од Косово, затоа што при извршен преглед на патничко возило „голф 7“ со косовски национални ознаки, кое тој го управувал, биле пронајдени седум лица-мигранти, од кои три од Индија, две од Пакистан и по едно од Непал и Бангладеш, информираат од Министерството за внатрешн работи.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Плинска боца и бојлер предизвикаа пожари во две куќи во Куманово

Како што додаваат од полицијата, известен бил јавен обвинител, мигрантите биле пренесени во Транзитниот центар – Табановце и Прифатниот центар за странци – Скопје и по целосно документирање на случајот, против Ф.Ш. ќе следува соодветен поднесок.

Никола Ивановски