Уапсен 19-годишен кумановец. Возел двојно над дозволеното во населено место!

Loading...
Сподели со своите пријатели

Полицијата привела деветнаесетгодишен кумановец кој управувал возило со брзина од 91 километар на час во населено место.

– На 25.05.2025 во 18.20 часот, полициски службеници од Полициската станица за безбедност на патниот сообраќај при СВР Куманово го лишиле од слобода С.М.(19) од Куманово, информираат од Министерството за внатрешни работи.

Како што додаваат од полицијата, при контрола на патниот сообраќај констатирано е дека тој управувал патничко моторно возило „бмв“ со брзина од 91 километри на час во населено место каде што дозволената брзина е 40 километри на час.

– По целосно документирање на случајот, против него ќе биде поднесена кривична пријава по член 297-а од Кривичниот законик – „безобѕирно управување со моторно возило“, стои во соопштението на МВР.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Приведен кумановец кој возел 175 километри на час

Никола Ивановски