Уапсен 14-годишник од Куманово затекнат при обид за кражба

Loading...
Сподели со своите пријатели

Четиринаесетгодишник од Куманово бил приведен утринава откако бил затекнат од сограѓанин како пребарува во неговиот дом.

– Денеска (30.06.2025) во 08.00 часот, полициски службеници од СВР Куманово лишиле од слобода 14-годишник од Куманово Тој бил затекнат од сопственикот додека вршел пребарување во куќа во Куманово, по што се дал во бегство без да одземе нешто, информираат од Секторот за внатрешни работи.

Сторителот, како што додаваат од полицијата, бил пронајден од страна на полициски службеници и бил приведен во полициска станица.

– По целосно документирање на случајот против него ќе следува соодветна пријава.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Општина Куманово предлага да продолжи бесплатниот превоз, Советот одлучува утре

Никола Ивановски