Кинеското Министерство за надворешни работи во понеделникот ја отфрли како „дезинформација“ изјавата на американските официјални лица дека Москва се обратила до Пекинг за помош со воена опрема за продолжување на инвазијата на Украина.
Кина ги отфрли таквите тврдења на САД за време на редовниот брифинг за новинарите во понеделникот во Пекинг.
ОБЈАВЕНА СНИМКА: Пожарникарите спасуваат луѓе од станбени згради во Киев (ВИДЕО)
Русија побарала воена опрема од Кина по нејзината инвазија на Украина на 24 февруари, објавија во неделата Financial Times и Washington Post, цитирајќи американски официјални претставници.
Американскиот советник за национална безбедност Џејк Саливан, кој во понеделникот се состана со највисокиот кинески дипломат Јанг Јиечи во Рим, рече дека Пекинг „апсолутно“ ќе ги сноси последиците доколку и помогне на Москва да ги избегне западните санкции наметнати поради руската агресија врз Украина.
Украина тврди: Русите го гранатираа аеродромот Антонов (ВИДЕО)
Русија, која своите операции во Украина ги нарекува „специјална операција“, и Кина ја зајакнаа соработката бидејќи се под силен притисок на Западот околу човековите права и низа други прашања.
Пекинг не го осуди рускиот напад и не го нарекува инвазија, туку повика на решение преку преговори.
„Вашингтон пост“ наведува дека неидентификувани американски функционери не го прецизирале типот на оружјето што се бара или како Кина реагирала.