Видно пијан „патник“ од 2048. година тврди дека во 2018. година не очекува инвазија од вонземјани, додека вториот, кој отишол дури до 6000. година, вели дека донел иф отографија затоа што знае дека луѓето нема да му веруваат.
Пред крајот на минатата година во САД фатен е маж кој тврдел дека дошол од идината. Како што рекла полицијата, мирисал на алкохол, очите му биле крвави, говорот му бил неразбирлив, а на полицајците им рекол дека „мораме што побрзо да одиме затоа што во 2018. година доаѓаат вонземјани“.
Тврди дека доаѓа од иднината: Има 50 години а поради лек изгледа помладо (видео)
Loading...
Не прецизирал кога ќе започне инвазијата, а уште помалку кога тоа би требало да избегаме.
Не сакал да разговара со лекарите туку само барал да го одведат до претседателот на градот. Рекол дека дошол од 2048. година и дека го испратиле за да ги предупреди луѓето на иднината.
ПАТУВАЊЕ НИЗ ВРЕМЕТО: Дали Путин е бесмртен? (фото)
Сепак, како што пишува „Ancient Code“ далеку од тоа дека ова е единствениот патник низ времето. Кон почетокот на оваа година маж кој сакал да остане анонимен објаснил дека патувал во 6000 година и се вратил назад.
– Знам дека нема да ми верувате, не би верувал ни јас да сум на вашето мест, започнува со излагањето.
За да приказната биде што поверодостојна, покажува и фотографија од градот на иднината.
– Не можам да ви кажам кој е градот, затоа што премногу ќе ја промени иднината, но можам да ви покажам фотографија,вели човекот со замаглено лице и сменет глас.
За жал, фотографијата, како што вели, се искривува и менува додека патува низ времето, а Јутјуб каналот кој го објавил видеото, за да дополнително не заштити од промена на иднината, преку фотографијата ставил црн квадрат.
Патникот низ времето истакнува дека ова го зборува за да „ни отвори очи“, што е малку апсурдно со оглед дека не снимката не можеме да видиме ништо.
Заклучокот сепак можеби е дека не треба да претеруваме со алкохол и дрога.
https://youtu.be/NvXeWXsgHsg