Туторка од БиХ приватно ги учи децата на Путин: Заработува вистинско богатство

Сподели со своите пријатели

Руските опозициски активисти открија нови детали за приватниот живот на Владимир Путин и неговата партнерка, поранешната олимписка гимнастичарка и политичарка Алина Кабаева.

Loading...

Според активистката за борба против корупцијата Марија Певчих, синовите на Путин имаат приватни тутори чиј годишен приход е до 321.000 фунти.

Податоците покажуваат дека тие формално се платени од компанија поврзана со блискиот сојузник на Путин и олигарх Генадиј Тимченко, чие богатство се проценува на 16 милијарди фунти.

Меѓу туторите се издвојува Босанката Софија Божиќ (33), која заедно со нејзината колешка Ирена Енс (36) од Германија, ги учи децата на германски јазик.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Орбан: Светот е побезбедно место по средбата меѓу Трамп и Путин

Според Певчих, овие двајца тутори редовно патуваат со воз до станиците Угловка и Акуловка, најблиску до резиденцијата на Путин во Валдај, каде што рускиот претседател обично престојува со своето семејство.

Певчих нагласи дека туторите добиваат месечна плата од дури 2,9 милиони рубли, што е еквивалентно на седумгодишната плата на наставник по германски јазик во руските покраини.

„И тие не се платени од таткото на ученикот, бидејќи официјалната плата на Путин е дури три пати помала од хонорарите на странските тутори“, истакна таа, пренесува „Мирор“.