Туск: Нападот со дронови врз Полска не беше грешка и ние го знаеме тоа

Сподели со своите пријатели

Полскиот премиер Доналд Туск денес изјави дека упадот на руски беспилотни летала во воздушниот простор на неговата земја не бил грешка.

„И ние би сакале нападот со беспилотни летала врз Полска да беше грешка. Но, не беше. И ние го знаеме тоа“, рече Туск во објава на социјалната мрежа X.

Коментарот на Туск дојде како одговор на изјавата на американскиот претседател Доналд Трамп дека упадот со руски беспилотни летала во Полска можеби бил грешка.

„Можеше да биде грешка, но без оглед на тоа, не сум задоволен од ништо што има врска со целата оваа ситуација. Се надевам дека ќе заврши“, изјави Трамп пред новинарите во Белата куќа, според Танјуг.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Јапонија одобри нови санкции против Русија

Полска побара од сојузниците дополнителни системи за воздушна одбрана и технологија против беспилотни летала за подобро да се заштити од руски упади по инцидентот претходно оваа недела во кој беспилотни летала што преминуваа на нејзина територија од Украина и Белорусија беа соборени од силите на НАТО.