Турски министер казнет за пребрзо возење на автопат (ВИДЕО)

Сподели со своите пријатели

Турскиот министер за транспорт Абдулкадир Уралоглу е казнет со 280 долари откако е снимен како вози со 225 километри на час на автопатот Анкара-Нигде, што е речиси двојно повеќе од дозволената брзина од 140 километри на час.

Loading...

Видеото што го објави го прикажува неговиот автомобил како поминува покрај други возила, придружено со народна музика и извадоци од говорот на турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган, објави Ројтерс.

Турскиот министер се извини јавно, објавувајќи фотографија од казната на социјалните мрежи и пишувајќи: „Се извинувам на нашата нација“.

Официјалните податоци покажаа дека 6.351 лице загинало во речиси 1,5 милиони сообраќајни несреќи во Турција минатата година.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Германскиот канцелар: Се наоѓаме во структурна криза