Турски ловец Ф-16 се урна, пилотот загина (ВИДЕО)

Сподели со своите пријатели

Турски воен авион Ф-16 се урна рано утрово за време на летот во западната покраина Баликешир, а пилотот загина во несреќата, соопшти турското Министерство за национална одбрана.

Според соопштението, инцидентот се случил на автопатот Измир-Истанбул, а авионот се урна кратко по полетувањето, јавува Танјуг.

 

 

„Во 00:56 часот по локално време, радио-контактот и локацијата на нашиот ловец Ф-16, кој полета од 9-тата воздухопловна база во Баликешир, беа изгубени. Како резултат на веднаш започнатите операции за пребарување и спасување, беше утврдено дека нашиот авион се урна и неговите остатоци беа пронајдени. Нашиот пилот загина“, соопшти турското министерство, пренесува Анадолија.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Рекол на семејството дека ќе го има на вести, а потоа влегол во автомобил пол експлозив!

Истрагата за причината за несреќата е во тек, се додава во соопштението.