Турски државјанин шверцал мигранти низ Куманово

Сподели со своите пријатели

Четириесет и четиригодишен жител на Република Турција бил приведен вчера во кумановско под сомнение за шверцување мигранти.

Loading...

– На 28.01.2025 околу 12.15 часот на автопатот Табановце- Куманово, полициски службеници од Полициската станица за граничен надзор Сопот при Регионалниот центар за гранични работи Север го лишиле од слобода Д.И.Х.(44) од Република Турција, со привремен престој во РСМ, информираат од Министерството за внатрешни работи.

Како што појаснуваат од полицијата, при контрола во возилото „опел вектра“ со кумановски регистарски ознаки, кое го управувал, биле пронајдени две лица од Република Турција, за кои по извршени проверки било утврдено дека илегално влегле во државата.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Привеен 40-годишен кумановец. Полицијата му пронашла прашкаста материја

Никола Ивановски