Турски државјанин приведен на Табановце, бил баран од Интерпол

Сподели со своите пријатели

Дваесет и седумгодишник од Турција бил приведен на Граничниот премин Табановце, бидејќи по него била распишана потерница од Интерпол.

– На 14.12.2025 во 16:20 часот на Граничен премин Табановце, полициски службеници го лишија од слобода О.А.(27) од Република Турција. При излез од државата тој не поседувал никакви документи, а по извршени проверки утврдено е дека по барање на Интерпол по него е распишана меѓународна потерница и бил баран за издржување на затворска казна од осум години, информираат од Секторот за внатрешни работи Куманово.

Како што додаваат, тој е пренесен во прифатен центар за странци во Скопје за понатамошна постапка.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  ЖРК Куманово триумфираше над Спартак (ФОТО)

Никола Ивановски