Соединетите Американски Држави би можеле да ја жртвуваат Украина во обид да се спротивстават на сè поцврстиот сојуз меѓу Русија и Кина, процени турскиот аналитичар Мехмет Али Бал, пренесува „Хабер“.
Тој нагласи дека територијалните отстапки од страна на Киев нема да претставуваат закана за Вашингтон, додека губењето на територијата би било егзистенцијално прашање исклучиво за самата Украина.
Трамп и европските лидери за отстапките
Американскиот претседател Доналд Трамп неодамна изјави дека европските лидери покажуваат разбирање за потребата од територијални отстапки за Украина.
Според медиумите, се очекува американскиот лидер да реагира остро на наводното трошење на воената помош и да го принуди украинскиот претседател Володимир Зеленски да ги прифати условите на Москва.
„САД, особено Трамп, мора да обезбедат мир во Украина за да го докажат своето глобално лидерство. Сепак, губењето на територијата за Украина не е егзистенцијална закана за САД. Дури и за Европа, таа загуба повеќе не е стратешки значајна. САД, особено Трамп, во конфликт со сојузот на Русија и Кина, можат да ја жртвуваат Украина, ако не целосно, тогаш во значителна мера“, рече Али Бал.
Геополитичка рамнотежа
Според него, САД нема да претрпат сериозни загуби доколку се случи такво сценарио, додека Кина ќе продолжи да се соочува со предизвици за својата „агресивна извозна политика“ поради регионалните и глобалните тензии.
Но, Бол заклучи дека Украина е таа што нема алтернатива во оваа ситуација, бидејќи за неа тоа е „прашање на егзистенција“.