Турк: Планот на Израел за целосно преземање на Газа мора веднаш да се запре

Сподели со своите пријатели

Шефот на Обединетите нации за човекови права, Волкер Турк, денес изјави дека „планот на израелската влада за целосно воено преземање на окупираниот Појас Газа мора веднаш да се запре“.

Loading...

Според планот за „поразување“ на Хамас во Појасот Газа, израелската армија ќе „се подготви да ја преземе контролата врз градот Газа, додека истовремено ќе дистрибуира хуманитарна помош на цивилното население надвор од борбените зони“, соопшти канцеларијата на премиерот Бенјамин Нетанјаху.

Турк нагласи дека планот „е во спротивност со пресудата на Меѓународниот суд на правдата дека Израел мора што поскоро да ја прекине окупацијата, дека договореното решение на две држави и правото на Палестинците на самоопределување мора да се спроведат“.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Австралија го повика Израел да се откаже од планот за воена контрола врз Газа

Тој изјави дека Израел треба да дозволи „целосен, непречен проток на хуманитарна помош“ и дека палестинските вооружени групи мора безусловно да ги ослободат заложниците.

Тој додаде дека Израел треба да ги ослободи и „произволно притворените Палестинци“, пренесува Ројтерс.