За жал, некои популарни туристички атракции не секогаш изгледаат така како што ги гледаме во брошурите за патувања, а понекогаш и преголемите очекувања можат целосно да го уништат целото искуство во патувањето.
За да спречите тоа да се случи, проверете го списокот на овие 11 места што често ги разочаруваат туристите.
Статуа на Јулија во Верона, Италија
Според легендата, допирот на десната дојка на оваа статуа ќе ви донесе среќа во наоѓањето вистинска љубов. Сепак, она што може да ве разочара од ова романтично место е дека секој квадратен сантиметар околу статуата е скоро секогаш преполн со туристи.
Мала сирена во Копенхаген, Данска
Еднаш, одамна, Малата сирена од бајката на данскиот автор Ханс Кристијан Андерсен се наоѓаше на карпа во пристаништето во Копенхаген. Во денешно време, статуата не е лесна за гледање затоа што властите во Копенхаген одлучија да ја преместат неколку метри подалеку за да спречат вандализам и туристите да се искачуваат по неа.
Она што може дополнително да ве разочара е големината на статуата. Многумина очекуваат да видат величенствен споменик, но она што можат да го видат е статуа на сирена која е висока само 1,25 метри.
Музејот заБитлси во Ливерпул, Англија
Вистинските обожаватели на легендарниот бенд веројатно ќе бидат многу разочарани од оваа изложба, бидејќи тука нема да најдат ништо ново за своите омилени музичари.
Има само неколку експонати и предмети што им припаѓале на членовите на групата.
Покрај тоа, сè што може да се види во музејот е веќе познато за пошироката јавност. Овој музеј дефинитивно не вреди за вашето време или пари.
Берлинска ТВ кула, Германија
Кулата за набљудување од највисоката зграда во Берлин не ги исполнува очекувањата на многу туристи кои со часови чекаат во редот, плаќајќи 16,50 евра. Валканите прозорци, голем број туристи и високите цени се огромно разочарување за секој турист.
Темпл бар во Даблин, Ирска
Иако Temple Bar е култно место во Даблин, има толку многу гужва во вечерните часови што ќе мора да чекате со часови за да влезете во барот.
Освен тоа, толку е полн со луѓе што вработените едвај успеваат да ги исчистат масите и да примат нарачки.
Плажи во Индонезија, Индија и Тајланд
Одморите во Тајланд, Индонезија и Индија можат да бидат забавни само ако не ја напуштате хотелската област. Ако изезете надвор од туристичките атракции ќе биде тешко да се препознаат овие земји. Валканите улици, валканите мориња и плажите се вообичаена глетка.
Тајмс Сквер во Њујорк, САД
Прошетката на Тајмс Сквер може да биде уништена од огромен број луѓе кои сакаат да го посетат ова место.
Поради тоа многу бргу станува валкан и повеќе не изгледа толку привлечно. Дури и огромните сјајни панели што ги воодушевуваат минувачите не можат да ја спасат ситуацијата.
Покрај овие места, на списокот се најдоа и полиња со ориз во Бали, како и Брисел во Белгија.