Туристи во Венеција поради кафе казнети со 950 евра

Сподели со своите пријатели

Германски туристи се обиделе да сварат кафе во подножјето на венецијанскиот мост Риалто па се казнети со 950 евра и принудени се да го напуштат градот.

Двајцата жители на Берлин на возраст од 32 и 35 години се сместиле на дното од скалите на познатиот мост за да сварат кафе.

Венеција е уникатна по многу нешта, но и по овие 8 интересни факти

Откако некој локален жител ги пријавил, туристите набргу биле приведени од полицијата која ги казнила со 950 евра поради непримерно однесување, навела градската управа.

Исто така им било кажано да го напуштат градот, во рамки со неодамна усвоената одлука на градскиот совет. Откако тие мерки се усвоени, применети биле 40 пати.

Во Венеција поостри казни за проститутки и туристи во костими за капење

– Венеција треба да се почитува, а непристојните луѓе кои мислат да дојдат тука и да прават што сакаат треба да знаат, дека благодарение на локалната полиција, ќе бидат приведени, казнети и исфрлени, рекол градоначалникот Луиџи Бруњаро.

Прописот усвоен во мај истакнува правила на пристојно однесување, хигиена и безбедност кои треба да се почитуваат во градот соочен со масовен туризам и неговите последици врз каналите и најпосетените места.

Венеција наскоро ќе исчезне од мапата на светот

Предвидена е низа забрани, како забрани за пикник на одредени локации, капење во фонтаните или шетање без маица, како и високи казни кои вклучуваат и протерување за оние кои ги кршат правилата.

Венеција во својот историски центар има 55.000 жители, а годишно ја посетуваат околу 30 милиони туристи.

Image by Jörg Peter from Pixabay

Leave a Reply