Сподели со своите пријателиТурскат аполиција запленила ретка нуклеарна супстанција калифорниум 252 и привела четири лица во Анкара, пренесуваат турските медиуми. Материјалот требало да биде продаден за околу 70 милиони долари, а идентитетот на купувачот засега е непознат, пренесува телевизијата NTV. Супстанцијата е откриена во возило на еден од приведените. Одземени се 1,4 килограми радиоактивен материјал калифорниум, но засега не е познато каде е произведена. Како се наведува од властите, истрагата е во тек. Калифорниум, инаку е синтетички радиоактивен елемент кој се произведува во лаборатории и често се користи за работа на нуклеарните реактори. 2018-03-20