Турција забележа највисока инфлација во последните 24 години

Сподели со своите пријатели

Годишната инфлација во Турција во јуни достигна 78,62 отсто, што е највисока од 1998 година, покажаа денешните официјални податоци.

Турскиот статистички институт (TurkStat) објави дека цената на потрошувачката кошничка се зголемила за 4,95 отсто.

Иако цените на храната се зголемија во многу земји, многумина го обвинуваат претседателот Реџеп Таип Ердоган за економската криза во Турција.

Руската инвазија на Украина, која ги зголеми цените на гасот, нафтата и житото, ја влоши ситуацијата во Турција зависна од увоз.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Кина гради огромна амбасада во Лондон: Има 208 соби и „тајна соба“ која ги загрижи Британија и САД