Турција воведува увозни царини од 130 отсто за житариците

Сподели со своите пријатели

Турција воведе увозни царини од 130 отсто на некои житарки, вклучително и пченица и пченка, според одлуката објавена во вторникот од претседателот Реџеп Таип Едроган.

Loading...

Увозните давачки доаѓаат откако некои земји од ЕУ објавија забрана за увоз на жито од Украина минатата недела.

Но, некои трговци тврдат дека потегот на Турција главно има за цел да ги придобие локалните земјоделци пред претседателските и парламентарните избори на 14 мај.

Според сегашните правила, увозот на пченица, јачмен, ‘рж, овес, пченка и сорго е ослободен од царина до 30 април.

Со одлуката, која стапува на сила на 1 мај, ќе се воведе царина од 130 отсто за увоз на жито.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Црна година за италијанската автомобилска индустрија

Во Турција жетвата на пченицата и јачменот започнува во мај.

Турција ги намали увозните тарифи за житарици и други земјоделски производи по пандемијата кон крајот на 2020 година и ги укина пред околу една година.

Владата неодамна најави големи енергетски и инфраструктурни проекти пред изборите, каде според анкетите, претседателот Ердоган би можел да ја загуби власта по две децении.

Loading...