Турција: Сакаме да видиме Сирија во која различни етнички и верски групи живеат во мир

Сподели со своите пријатели

Турскиот министер за надворешни работи Хакан Фидан денеска повика на „формирање на инклузивна влада“ во Сирија, еден ден по соборувањето на Башар ал Асад.

Loading...

Очекуваме дека меѓународните актери, особено Обединетите нации, ќе му подадат рака на сирискиот народ и ќе го поддржат формирањето на инклузивна влада, изјави шефот на турската дипломатија пред собраните амбасадори во Анкара.

„Сакаме да видиме Сирија во која различни етнички и верски групи живеат во мир, со инклузивен владин пристап“, рече турскиот министер, чија земја ги поддржува бунтовничките групи кои учествуваа во молскавична офанзива против сирискиот режим.

„Сакаме да видиме нова Сирија“

Фидан додаде дека сака да види „нова Сирија која ќе одржува добри односи со соседите и ќе донесе мир и стабилност во регионот“, нагласувајќи дека Турција е „подготвена да ја обезбеди потребната поддршка во овој поглед“.

Фидан рече и дека Турција ќе се вклучи во безбедното враќање на сириските мигранти во нивните домови во Турција, како и во обновата на Сирија откако бунтовниците го соборија претседателот Ал Асад.

Турција прими речиси три милиони сириски бегалци.