Турција преговара за ослободување на заложниците кои ги држи Хамас

Сподели со своите пријатели

Турција, која историски имала контакти со Хамас, води преговори со цел да ги ослободи цивилите кои ги држи палестинската милитантна организација, изјави денеска висок турски функционер.

Loading...

Петтиот ден од крвавите судири на Блискиот исток однесоа повеќе од 2.300 животи.

Според израелските и палестинските власти, во Израел се убиени повеќе од 1.200 луѓе, а бројот на загинати Палестинци е над 1.100.

Повеќе од 5.000 беа ранети од двете страни на фронтот.

Денеска започна шестиот ден од воените операции меѓу израелските воени сили и Хамас, а во војната е вклучена и либанската паравоена формација Хезболах, која е на страната на Хамас.

– Турција води преговори за цивили кои ги држи Хамас. Според наредбата на претседателот (Реџеп) Тајип Ердоган, во тој процес се ангажирани соодветните институции – изјавил неименуваниот турски функционер, без да даде повеќе детали.

По нападот на Хамас врз Израел во текот на викендот, официјална Анкара покрена дипломатска иницијатива за посредување во конфликтот.

Турските политичари, вклучително и Ердоган, претходно се сретнаа со членови на Хамас, но нема извештаи за контакти на Анкара со палестинската организација од избувнувањето на последниот конфликт.

Loading...