Турција предупредува: Не испраќајте бродови

Сподели со своите пријатели

Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган телефонски разговараше со својот белоруски колега Александар Лукашенко за развојот на ситуацијата во Украина.

Loading...

Според канцеларката на турскиот претседател, двајцата официјални лица разговарале за преговорите за прекин на огнот меѓу Русија и Украина, откако вчерашните преговори не донеле напредок, а преговарачите не објавиле кога ќе се одржи новата рунда, пренесува Ројтерс.

Ердоган му рекол на Лукашенко дека Турција ќе продолжи со напорите да ја запре војната и да го врати мирот.

Турскиот лидер вчера изјави дека неговата земја не може да се откаже од врските со Русија и Украина, но дека Анкара ќе го ограничи преминувањето низ нејзините води за да спречи ескалација на војната.

Турција ги предупреди земјите од Црното Море и земјите кои немаат пристап до Црното Море да не испраќаат свои воени бродови преку нејзините премини Босфор и Дарданели, изјави вчера турскиот министер за надворешни работи Мелвут Чавушоглу.

„Ги имплементиравме договорите од Монтре и ќе продолжиме да го правиме тоа“, рече Чавушоглу, цитиран од Ројтерс.

Според Конвенцијата од Монтре од 1936 година, Турција има контрола над овие два теснеци и може да го ограничи преминувањето на воените бродови за време на војна или ако е загрозена.