Турција официјално го менува името: ОН го одобрија барањето на Анкара

Сподели со своите пријатели

Обединетите нации го одобрија официјалното барање на Турција за промена на името на земјата на странски јазици во Туркие, изјави портпаролот на генералниот секретар на ОН Стефан Дијарик за новинската агенција Анадолија.

Loading...

Тој за новинската агенција Анадолија изјави дека генералниот секретар на ОН Антонио Гутереш добил известување од турскиот министер за надворешни работи Мевлут Чавушоглу за преименувањето.

Според него, „промената на името на државата стапува во сила од денот на приемот на писмото“.

Агенцијата наведува дека отсега името Туркие (Turkiie) ќе се користи на сите меѓународни форуми и во официјални документи во кои се користеле различни етноними, како Туркеи, Турки или Туркуие.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Земјотрес од 6,6 степени ја погоди Папуа Нова Гвинеја

Чавушоглу претходно на Твитер напиша дека Анкара поднела официјално барање на ОН за промена на името на земјата на странски јазици.

Тој објасни дека промената е усвоена како дел од чекорите на Анкара насочени кон „зголемување на престижот на земјата на меѓународната сцена“.