Турција ја затвори границата со Сирија поради нападот врз нејзините војници

Сподели со своите пријатели

Турција вчера го затвори својот главен граничен премин кон североисточна Сирија, откако турските војници беа нападнати од Сиријци лути поради насилството врз нивните сонародници во Турција.

Loading...

Насилството врз Сиријците во Турција започна во неделата вечерта, откако на социјалните мрежи беше објавено дека Сириец ја малтретирал својата роднина во Кајсери, централна Турција.

Полицијата го истражува случајот.

Во Кајсери се уништени сириски имоти, куќи и возила. Насилството се прошири во провинциите Хатај, Газиантеп, Коња, Бурса и Истанбул.

На социјалните мрежи беше објавено дека има повредени Сиријци.

„Турската полиција уапси 474 лица вклучени во нападите врз сириската заедница низ целата земја“, изјави турскиот министер за внатрешни работи Али Јерликаја.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Ајкула нападна жена. Грозоморна снимка се шири на мрежите (ВИДЕО)

Поради насилството во Турција, стотици Сиријци излегоа на улиците во понеделникот во неколку градови под контрола на бунтовниците во северозападна Сирија, област каде Турција распореди илјадници војници.

Тие се судрија со турски војници.

Loading...

Сирискиот пограничен град Африн беше сцена на најжестоките судири во кои загинаа најмалку четири лица.

Цивилите фрлаа камења врз турските конвои во неколку градови и го тргнаа турското знаме од некои канцеларии. Неколку турски официјални лица ги опишаа немирите во Сирија како „провокации“.

Анкара синоќа го затвори граничниот премин Баб ал Хава, главна трговска и патна рута за повеќе од три милиони жители, како и Баб ал Салам и други помали премини поради немирите во северозападна Сирија.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Втор круг од претседателските избори во Иран: Масуд Пезешкијан или Саид Џалили

Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган ја обвини опозицијата за нападите врз Сиријците, истакнувајќи дека тие шират расизам во земја која е домаќин на повеќе од три милиони бегалци од Сирија.

Ништо не може да се постигне со поттикнување ксенофобија или омраза кон бегалците“, рече Ердоган.