Турција ја претстави својата прва хиперсонична ракета (ВИДЕО)

Сподели со своите пријатели

Турција официјално влезе во хиперсонична трка со претставувањето на „Тајфун Блок-4“, хиперсонична балистичка ракета со висока маневрираност и отпорност на современи воздушни закани.

Loading...

Тоа е првата турска ракета од ваков вид, која достигнува брзина од 5 маха, има дострел од 800 километри и користи сателитско водење за висока прецизност.

Ова ново оружје е надградена верзија на балистичката ракета со краток дострел „Тајфун“, првпат тестирана во 2022 година.

 

 

Првата верзија на ракетата „Тајфун“ е долга околу 6,5 метри, широка малку повеќе од 60 сантиметри и тежи околу 2300 килограми.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Во поплавите во Кина загинаа 30 лица, а 80.000 се евакуирани во Пекинг

Новата варијанта „Тајфун Блок-4“ е долга околу 10 метри, со дијаметар близу еден метар и тежи околу 7.200 килограми.

Loading...

Турција, исто така, планира да развие варијанти на ракетата со дострел од повеќе од 1.000 километри.

Носи повеќенаменска боева глава способна да неутрализира системи за воздушна одбрана, командни центри и клучна инфраструктура на растојание до 800 километри.

Турција планира да развие варијанти на ракетата со дострел од повеќе од 1.000 километри, според турските медиуми.

 

 

Компанијата „Рокетсан“, која ја разви ракетата, објави: „Тајфун Блок-4 постигнува долг дострел и со тоа поставува нов рекорд за турската одбранбена индустрија. Со тежина од повеќе од 7 тони, овој нов модел „Тајфун“, со повеќенаменска боева глава, е способен да уништи бројни стратешки цели – како што се системи за воздушна одбрана, командни и контролни центри, воени хангари и клучни воени објекти – од долги растојанија.“

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Едногодишно „чудо од дете“: Каснало отровна кобра и ја убило

Ракетата беше претставена минатата недела на отворањето на 17-от Меѓународен саем за одбранбена индустрија (IDEF) во Истанбул.

Loading...

 

 

На саемот учествуваа повеќе од 900 турски и 400 странски одбранбени компании, заедно со официјални делегации од повеќе од 100 земји.