Турција и Кипар го поздравија прекинот на огнот во Либан, со надеж за долгорочна стабилност

Сподели со своите пријатели

Турција и Кипар го поздравија постигнатиот прекин на огнот меѓу Израел и Хезболах, изразувајќи надеж дека договорот ќе придонесе за долгорочна стабилност во регионот.

Loading...

Турското Министерство за надворешни работи соопшти дека Анкара го поздравува прекинот на огнот и ја повика меѓународната заедница да изврши притисок врз Израел целосно да го почитува договорот.

Министерството, исто така, нагласи дека е подготвено да ги поддржи мировните напори во Либан и повика на прекин на огнот во Газа што е можно поскоро, со цел да се обезбеди долгорочна регионална стабилност.

Претседателот на Кипар, Никос Христодулидис, телефонски разговараше со привремениот премиер на Либан, Наџиб Микати, и му понуди помош на Кипар за спроведување на прекинот на огнот, истакнувајќи дека Кипар како членка на ЕУ и со одлични односи со сите страни , е во посебна позиција да помогне во тој процес.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Шестмина убиени во израелски напади на премини меѓу Сирија и Либан

И Египет го поздрави прекинот на огнот, нагласувајќи дека тоа ќе придонесе за намалување на ескалацијата на насилството во регионот.

Египетското Министерство за надворешни работи изрази надеж дека ова примирје ќе биде долгорочно и ќе ја стабилизира ситуацијата.

Иран го поздрави примирјето во Либан, нагласувајќи ја важноста на мирот и деескалацијата во регионот, изјави портпаролот на иранското Министерство за надворешни работи, Есмаил Багаи.

Прекинот на огнот меѓу Хезболах и Израел стапи на сила во 04:00 часот утринава.

Loading...