Турција ги обновува барањата до Шведска и Финска

Сподели со своите пријатели

Турскиот министер за правда Бекир Боздаг денеска изјави дека земјата ги обновила барањата до Шведска и Финска за екстрадиција на лица кои ги смета за терористи, откако тие земји постигнаа договор за кандидатурата на нордиските земји за членство во НАТО.

Loading...

„Во рамките на договорот потпишан меѓу Турција, Шведска и Финска на последниот самит на НАТО, беше формиран комитет за следење“, рече Боздаг во телевизиско интервју за Хабер Глобал, пренесува Ројтерс.

Во текстот потпишан минатата недела, Финска и Шведска се согласија „брзо и темелно да ги решат турските барања за депортација или екстрадиција на осомничени за тероризам во согласност со Европската конвенција за екстрадиција“.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Стармер се обидува да изгради „прагматични“ односи со Кина

„Следствено, денеска обновивме некои барања кои претходно беа одбиени и потсетивме за некои барања на кои не беше одговорено“, рече Боздаг.

Турција се спротивстави на обидите на Шведска и Финска да се приклучат на НАТО поради, како што вели, поддршката за курдските милитанти и другите што ги смета за терористи, како и поради ембаргото за оружје и неисполнетите барања за екстрадиција.

Минатата недела, трите земји потпишаа договор Анкара да ја укине својата блокада, додека земјите кандидати ветија дека нема да ги поддржуваат курдските милитантни групи Курдистанската работничка партија (ПКК) и сириската курдска милиција (ИПГ) или мрежата со седиште во САД свештеникот Фетула Ѓулен.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Третина од парите за невработените во Германија одат за странци

Анкара тврди дека мрежата на Ѓулен го извршила обидот за пуч во 2016 година и ја нарекува терористичка организација со акроним ФЕТО, пренесува Ројтерс.