Турција чека зелено светло од Египет да испрати теренски болници во Газа

Сподели со своите пријатели

Турција чека зелено светло од египетските власти да ги отвори теренските болници во Рафах, на границата со Појасот Газа, за лекување на ранетите Палестинци, изјави вечерва турскиот министер за здравство Фахретин Коџа.

Loading...

„Ги направивме потребните подготовки за да формираме 20 теренски болници на аеродромот Ел Ариш, во близина на Рафах“, напиша Коча на социјалната мрежа Икс.

Од египетска страна Рафа е главната пристапна точка до малата палестинска енклава која веќе три недели е бомбардирана од израелската армија, како одмазда за масакрите извршени од Хамас на 7 октомври на југот на Израел.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  HRW предупредува дека присилното раселување на населението од Газа е воено злосторство

Во тие масакри загинаа 1.400 луѓе, а Хамас киднапираше повеќе од двесте луѓе – Израелци и странски државјани.

„Ние сме во близок дијалог со египетскиот и палестинскиот министер за здравство за ова прашање. Чекаме да се гарантира безбедноста и да се издадат дозволи“, напиша Коча.

Турција, традиционален поддржувач на палестинската кауза, неодамна го крена својот глас против Израел и го осуди бомбардирањето што го убива цивилното население во Газа.

Анкара испрати неколку товарни авиони натоварени со храна, медицинска опрема и лекови, вклучително и инкубатори и генератори, на аеродромот Ел Ариш, рече министерот.