Турскиот суд издаде налози за апсење на осум лица, меѓу кои и исламскиот проповедник Фетулах Ѓуел кој живее во САД, а поради наводна вмешаност во убиството на рускиот амбасадор во Турција АНдреј Карлов, јавува Анадолија.
Турскиот полицеаец Мевлут Мерт Алтинтас го уби Карлов надвор од должноста на 19 декември 2016 година, додека тој зборуваше на отворање на една изложба во Анкара, а полицијата го уби Алтинтас на лице место.
Судот во Анкара издаде налоси за апсење на осум лиц апоради „убиство со умисла“ и „обид за рушење на уставниот поредок“, бидејќи, според неименувани извори во судот, утврдена е врска помеѓу Алтинтас и Ѓулен.
Ѓулен, чие што движење Анкара го смета за терористичко, ја обвинува организацијата за обид за државен удар во Турција од јули 2016. година и бара од САД негова екстрадиција. Ѓуел живее во САД од 1999. година и ги негира обвинувањата.
Налозите за апсење се издадени дел пред доаѓањето на рускиот претседател Владимир Путин во дводневна посета на Турција, каде ќе се сретне со турскиот колега Реџеп Таип Ердоган.