Турчин искршил кабина за пасошка контрола на Табановце

Сподели со своите пријатели

Вчера на граничниот премин Табановце, товарно моторно возило марка „Ивеко“ со турски национални ознаки, управувано од С.Ј. (58) од Р.Турција, удрило во покривна конструкција и оштетило една кабина за пасошка контола, информираат од Министерството за внатрешни работи.

Од изместувањето на конструкцијата дошло и до напукнување на прозорците од кабината. Увид на местото на настанот извршила екипа од СВР Куманово.