Турбина за камион и розетни запленија цариниците на Табановце (ФОТО)

Сподели со своите пријатели

Во текот на изминатите три недели, царинските службеници открија повеќе обиди за криумчарење на стока, при што привремено се задржани рачни електрични апарати и алат, накит Сваровски, облека, девизи, турбина за камион, мобилни телефони и делови за мобилни телефони, информираат од Царинската управа на РСМ.

Loading...

Едно парче употребувана турбина за камион била откриена при контрола на бугарски камион, управуван од македонски државјанин, пријавен за влез во државата на граничниот премин Табановце. Непријавената турбина, пронајдена зад возачкото седиште на камионот, била привремено задржана, а против возачот е отпочната соодветна постапка.

Вкупно 330 парчиња пластични розетни, според Управата, биле откриени при контрола на македонски автобус, кој сообраќал на редовната линија Белград-Скопје, управуван од македонски државјанин, пријавен за влез во државата на граничниот премин Табановце автопат.

фото: Царинска управа на РСМ

Непријавените розетни, пронајдени во картонска кутија сместена во багажниот простор наменет за патни торби, биле привремено задржани, а против возачот е отпочната соодветна постапка.

Leave a Reply