ТУНИС: Политичките партии го обвинуваат претседателот за пуч

Сподели со своите пријатели

Главните политички партии во Тунис го обвинија претседателот Каис Саид за извршен пуч откако го разреши премиерот Хикем Мечиќ и го суспендираше парламентот, но Каис возврати дека постапувал во согласност со Уставот.

Loading...

Неговиот потег се случи во неделата по масовните, насилни протести за постапките на владата за време на епидемијата на коронавирус и економски и социјални тешкотии, пренесува Ројтерс.

Доцна синоќа разрешениот премиер Хикем изјави дека ќе ги предаде своите овластувања на оној што го назначи претседателот Саид.

Тунискиот претседател Каис Саид им рече на оние кои ги критикуваат неговите последни одлуки за распуштање на парламентот и смена на премиерот за „обновување на лекциите за уставното право“, истакнувајќи дека тој ги донел своите одлуки во согласност со член 80 од тунискиот устав.

Синоќа Саид донесе одлука за забрана за собирање и движење на луѓе и возила од 19 до 6 часот наутро, што ќе трае до 27 август.

Регулативата исто така вклучува забрана за движење меѓу градовите во Тунис дури и по полицискиот час, освен кога станува збор за задоволување на основните потреби и во итни здравствени случаи.

Демонстрантите кои се судрија со полицијата во неделата славеа на улиците на главниот град на Тунис, откако доцна синоќа беше објавена одлуката на претседателот.

Leave a Reply