Тумба фест утре по 30. пат во Куманово (ВИДЕО)

Сподели со своите пријатели

На градскиот плоштад во Куманово утре од 20 часот ќе се одржи 13-тото издание на фестивалот „Тумба фест“, кој годинава слави голем јубилеј – 30 години постоење.

Loading...

Претседателот на Здружението „Етно ризница“, Драган Митевски, организатор на фестивалот, потсети дека своето патување Тумба фест го започна далечната 1995 година.

– Ова издание ќе понуди 18 нови песни. Предизвик пред нас беше сето тоа да биде најквалитетно што се може и се надеваме дека успеавме во таа мисија, изјави Митевски.

 

 

Фестивалот ќе се одржи по малку изменет концепт, а водители ќе бидат кумановците Кети Дончевска Илиќ и Горан Илиќ.

На сцената ќе настапат познати имиња од народната музика, меѓу кои Нино Величковски, актерот Горан Илиќ – Гиле, Коста Наумовски, Јованка Јо, Ѓоко Ѓорчев, Катерина Брезева, Соната, Ташко Георгиевски и други.

Loading...

Традиционално, ќе бидат доделени и две награди – за најслушана песна во периодот меѓу двата фестивала, како и специјална благодарница.

– Еве ќе ви откријам дека тоа е песната „Неста ресенска“ во изведба на Ташко Каранфиловски и Астра бенд. И оваа година му се оддолжуваме на нашиот маестро Миле Барбаровски, кој е еден од екипата која далечната 1995 година беше дел од групата естрадни уметници кои го создадоа фестивалот, истакна тој.

Митевски најави дека и годинава ќе има богата програма со песни на различни дијалекти.

Никола Ивановски