Трус: Санкциите кон Русија ќе бидат укинати кога последниот руски војник ќе ја напушти Украина

Сподели со своите пријатели

Меѓународните санкции против Русија треба да бидат укинати само кога последниот руски војник ќе ја напушти Украина, изјави шефот на британската дипломатија.

Loading...

Министерката за надворешни работи Лиз Трус на состанокот на министрите за надворешни работи на Г7 во Германија рече дека рускиот претседател Владимир Путин мора да се соочи со пораз кој ќе спречи идна агресија.

 

Зеленски: Русите се кукавици, не сакаат да го признаат поразот

 

Путин се понижува себеси на светската сцена – рече таа, додавајќи дека мора да му се ускрати каква било корист од неговата инвазија на Украина.

Таа, исто така, повика Украина да го прошири пристапот до воената опрема на НАТО.

 

Loading...

Дали е ова причината зошто Украинците толку добро се бранат?

 

Министрите за надворешни работи на Г7 денеска повторно ќе се сретнат со своите колеги од Украина и Молдавија, јавува Би-Би-Си.