Трудо: Цената на правдата не може да биде трајно страдање на сите палестински цивили

Сподели со своите пријатели

Канадскиот премиер Џастин Трудо во средата изрази длабока загриженост за влијанието на израелските напади врз Појасот Газа.

Loading...

Тој рече дека страдањето на палестинските цивили не може да биде прифатлива цена за правдата.

„Ние, се разбира, продолжуваме недвосмислено да го осудуваме одвратниот тероризам на Хамас и Израел има право да се брани, но цената на правдата не може да биде трајно страдање на сите палестински цивили. Длабоко сме загрижени за катастрофалното влијание врз населението на Газа, особено врз децата, поради што бараме хуманитарна помош, вода и гориво да дојде во Газа“, изјави Трудо пред новинарите во Отава.

Трудо додаде дека Канада е посветена на ослободување на заложниците кои ги држи Хамас и обезбедување помош, а истовремено ги повикува Канаѓаните и нивните семејства безбедно да ја напуштат Газа преку граничниот премин Рафах со Египет.

Израелската војска ги прошири своите воздушни и копнени напади врз Појасот Газа, кој е под немилосрдни воздушни напади откако палестинската група Хамас започна ненадејна офанзива против Израел на 7 октомври.

Во израелските напади врз Појасот Газа, кои траат веќе 26 дена, загинаа 8.796 Палестинци.

Министерството за здравство во Газа денеска соопшти дека меѓу загинатите има 3.648 деца и 2.290 жени. Повредени се 22.219 лица.

Во исто време загинале 1.538 Израелци.

Loading...