Под сеуште неутврдени причини, во среда доцна попладне околу 18 30 во кумановската болница почина трудница, која според извори од акушерско одделение била пред породување, јавува Радио Бум.
И по сите напори да се реанимира и да се спаси напорот на лекарите бил неуспешен.
Од болницата велат дека со официјален став ќе излезат по обдукцијата, која ќе биде извршена во текот на утрешниот ден.