Тропската бура Хенри го погоди југоисточниот брег на САД во неделата пладне по локално време, носејќи поројни дождови.
Националниот центар за урагани (НХЦ) соопшти дека бурата го погодила брегот во близина на Вестерли во Род Ајленд, при што ветровите достигнале брзина од 95 километри на час.
Гувернерот на Род Ајленд, Ден Меки, рече дека очекува „тешки последици од силните ветрови, прекини на електричната енергија и поплави“ во раните утрински часови во понеделникот.
NHC претходно ја намали тежината на Хенри од ураган во тропска бура.
По удирањето на земјата, силата на Хенри најверојатно ќе продолжи да слабее, според HNC во извештајот.
Обилните дождови и поплави сѐ уште се значајна закана за североисточниот дел на САД до понеделник навечер, пренесува dpa.