Тропска бура се формира крај Мексико и се очекува да стане ураган

Сподели со своите пријатели

Тропската бура Хилари се појави во близина на јужниот брег на Мексико во Пацификот, но се очекува да се зајакне и да се придвижи на север кон полуостровот Долна Калифорнија подоцна оваа недела.

Loading...

Американскиот национален центар за урагани соопшти дека Хилари се наоѓа на околу 755 километри југо-југоисточно од пристанишниот град Манзанила, далеку од копното, со ветрови од 65 километри на час, пренесува Асошиетед прес.

Невремето се движело во правец запад-северозапад со брзина од 22 км/ч.

Сепак, се очекува да сврти кон север во текот на неделата и да зајакне во ураган пред да падне на северниот дел на полуостровот Баја, во близина на границата со САД, како тропска бура.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Папата Лав XIV повика на ослободување на притворените новинари

Центарот за урагани соопшти дека „Хилари има потенцијал да влијае на полуостровот Долна Калифорнија и делови од југозападниот дел на САД овој викенд“.