Тропската бура Фред се формираше јужно од Порторико во Карипското Море и од утрово се сели во Доминиканска Република и Хаити.
Метеоролозите предупредија дека обилните дождови може да предизвикаат големи поплави и свлечишта.
Невремето се формираше доцна синоќа, 70 километри јужно од брегот на Порторико, и се движи кон запад, околу 28 километри на час, објави американскиот Национален центар за урагани.
Фред е шеста тропска бура во сезоната на урагани.

